По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата.
Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.
Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во изјава за „360 степени“, од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата, соопштија од скопското обвинителство.