Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.
Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Civilmedia
Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста.
Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Denesen
„Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието, затоа што на начинот на кој што се избрани истите тие претставници кои ги бираат имаат право да разговараат и да зборуваат за нивната работа. по изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет“, рече тој.
Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото. Nezavisen
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието. Civilmedia