Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство.
Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ќе стане збор за широка лепеза на теми – од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија. Press24
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (12 февруари) во Брисел во рамки на предвидените состаноци на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, кој за прв пат се реализира под водство на Обединетото Кралство.
На состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, генералниот секретар на НАТО Марк Руте како и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, фокус беше поддршката на Украина. Denesen