Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба се покажа преку намалување на државниот долг, а соодветно на тоа и на јавниот долг, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која информира дека нивото на јавниот долг на крајот на 2024 година изнесуваше 61,9 проценти и дека тој на крајот на јануари изнесува 58,2 отсто од БДП. Biznisvesti
Тоа се должи на раздолжувањето на еврообврзницата со заемот којшто го зедовме и со кој направивме годишна заштеда од 15 милиони евра, односно за двете транши 30 милиони евра.
Тоа ја покажува нашата заложба која е во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и верувам дека до крајот на годината многу ќе внимаваме – рече министерката во гостување во Дневникот на ТВ Сител. Novamakedonija
Таа додаде дека и Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која беше во земјава во изминатиот период, ги нотирала напорите кои ги вложува Владата со цел да се контролираат трошоците, иако констатирала дека Владата има наследено многу проблеми од претходно, потврдени со тоа што Македонија е единствена земја во регионот која не успеала да се консолидира во однос на буџетскиот дефицит и јавниот долг.
Во врска со прашањето за растот на минималната плата рече дека решениеето што ќе го договарат работниците и работодавачите за раст на минималната плата кое ќе се темели на продуктивноста и исплата на договорениот износ согласно законските обврски Владата ќе го поздрави и ќе го почитува. Press24
Во однос на пензиите, наведе дека пензионерите со пензиите што ќе бидат исплатени на 1 април ќе го добијат зголемувањето од 2.500 денари што беше ветено и дека со тоа се исправа една неправда којашто беше направена со политиките што се спроведуваа во претходниот период, а потоа ќе се врати старата методлогија, бидејќи, како што рече, во овој момент нема измени на Законот за да кажам дека ќе ја менуваме.
Во однос на мерките кои Владата ги презеде за сузбивање на инфалцијата, наведе дека очекува да дадат ефект на краток рок и оти се подготвуваат некои решенија во делот на земјоделството кои треба да имаат влијание на долг рок. Denesen