Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа.
„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.
Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 проценти, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.
Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска, напиша министерката за финансии Димитриеска-Кочоска . „Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.