Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот, вели Тошковски.
Тој додава дека на билатералната средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија, Шандор Пинтер договориле набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокругот на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Press24
„Очекуваме меморандумот да биде потпишан во втората половина на 2025 година“, нагласи Тошковски.
Во рамките на посетата, министерот Тошковски утринава одржа состанок со заменик-министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте, во присуство на претставници од унгарската бизнис-заедница. Plusinfo
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година. Mk