Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?
Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? A1on
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци. Fokus
Јон Фрчкоски поднесе оставка од морални причини од функцијата директор на Центарот за истражувања и анализи во СДСМ.
Директорот на Центарот за истражувања и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски поднесе оставка од функцијата од како што наведува на неговиот Фејсбук профил морални причини по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека конзумирал наркотични средства иако нападите врз него ги оценува како дефокус на јавноста за начинот на кој се води истрагата за трагичната несреќа во Кочани, сепак вели дека не е горд на своето минато и не сака да биде товар на партијата, како и дека нема да дозволи СДСМ да биде мета на напади и јавен линч. Kanal5