„Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието.
Да појаснам дека Владата и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собрание, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува“, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Владата. Skopjeinfo
До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.
За ова информираше престедателката на советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Kanal5
Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Libertas
За ова информираше престедателката на Советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум.
Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела. Kanal5