На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани.
Се што беше побарано од нас во однос на медицинска документација го предадовме на истражните органи, а што се случува понатаму и што прават тие, ниту ме интересира, ниту пак сум прашал бидејќи веројатно си ја тераат процедурата, вели министерот за здравство Арбен Таравари.