Сепак, со оваа тритомна едиција е направен голем исчекор во доближувањето на богатиот и разновиден книжевен опус на Рацин до македонската научна, културна и образовна јавност.
Ова е единствено издание кое ја претставува интегрално поезијата на Рацин од нејзините почетоци до крајот, потоа првпат ја претставува севкупната засега достапна проза и публицистика на Рацин во оригиналните верзии во превод и во адаптација на современиот стандард на македонскиот јазик и на крај, во третиот том, прави ново хронолошко и наративно исчитување на животот на Рацин. A1on