Семејството на Теодора Ристовска, која беше смртно прегазена во 2022 година, иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција, како што велат, и поддршката за случајот за нивната сестра и ќерка.
Семејството на Теодора Ристовска преку отворено писмо упати благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот и изрази надеж дека ќе има реакција од Судскиот совет, по изречената казна од две години затвор за возачот во сообраќајката во која нивната ќерка и сестра го загуби животот во 2022 година.