Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната прес-конференција кажа дека сите типови на овошје и зеленчук кои се одгледуваат во државата ќе бидат инкорпорирани во пресметката на просечната потрошувачка кошница . Како што потенцираше Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјето и зеленчукот постепено ќе се вклучуваат во кошницата, сезонски, во зависност од периодот кога зреат и се консумираат.