Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати.
На територијата на државата се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои – седум се активни, два се под контрола, додека шест се изгаснати, наведува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево – с. Нивичино, Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница, Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, Струга – помеѓу селата Октиси и Белица, Општина Ресен – с. Покрвеник и Маврово-Ростуше – с. Дуф.