Соопштение на ДУИ Демократската Унија за Интеграција изразува сериозна загриженост за погрешниот правец во кои Власта ја води државата, за што граѓаните сѐ погласно бараат ново политичко преиспитување.
По клучните прашања од стратешки интерес, Власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните локални избори, Власта целосно го отстрани Европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ. Во популистичките емотивни настапи, Премиерот не само што ја отфрла можноста за дополнување на Уставот со внесување на неколку малцинства, туку јавно се фали и го посочува како највисок политички успех на земјата изигрувањето серија од „Ерга омнес“ обврскитете кои произлегуваат од Стратешките договор со Грција или Преспанскиот договор.