Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија.
Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот.
На настанот се обратил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на шеф на владината делегација, во чиј состав се и министрите за култура и за европски прашања, Зоран Љутков и Орхан Муртезани, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Владимир Нелоски.
Во своето обраќање, министерот Муцунски изразил благодарност до Владата на Јапонија, градот Осака, граѓаните на Јапонија и организаторите на ЕКСПО „за исклучителното гостопримство и за создавањето на оваа платформа за заедничко осмислување на иднината, под мотото: ’Креирање општеството на иднината за нашите животи’“. -Муцунски истакна дека македонскиот павилјон го симболизира богатството на нашата земја — држава со длабока историја и култура, соисклучително археолошко и културно наследство, сместена во срцето на Балканот. Kanal5
Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија. Nezavisen
Вредности кои ја прават државата привлечна туристичка дестинација и вистински бисер на Балканот.
Тој се осврна и на можностите за инвестирање, развојот на билатералните односи со Јапонија, континуираната поддршка што нашата земја ја добива од јапонските партнери, како и на потенцијалот за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, соопшти МНРНТ. Netpress
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) соопшти дека Македонија била претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот.
На настанот се обратил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на шеф на владината делегација, во чиј состав се и министрите за култура и за европски прашања, Зоран Љутков и Орхан Муртезани, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Владимир Нелоски. Novamakedonija
Држава која е препознаена како„бисер на Балканот“, благодарение на својата природна убавина, традиција и богатата културна ризница.
Вредности кои ја прават државата привлечна туристичка дестинација и вистински бисер на Балканот. Press24
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Северна Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјава, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.
Македонија претставува демократска држава каде општо земено се почитуваат политичките слободи, меѓу кои и правата за слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, стои во оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со државата, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.
Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда, велат од ДУИ во писмена реакција испратена до медиумите, а во врска со продолжениот притвор на Бектеши кој е осомничен за несреќата во дискотеката Пулс во Кочани.
„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат важна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.
Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието.
Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието, вели Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на новинарско прашање за изјавата на Халил Снопче од АА на Таравари кој рече дека ако нивната партија е надвор од Владата, неминовно доаѓа до прашањето за нови парламентарни избори.
Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, коментира СДСМ околу престојоит на Љутков на меѓународниот настан ЕКСПО во Јапонија во многубројна делегација.
Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија.
Денес им оддаваме почит на сите работници – на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, напиша премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите граѓани по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.