Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Филипче информира дека во СДСМ тече процесот за избор на кандидатите за локалните избори, како и дека се во тек разговорите за коалициски партнери за изборите.
Правото на протест е уставно загарантирано, но апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели. Nezavisen
Јас сметам дека правото на протест е уставно загарантирано право, но воопшто не сметам дека тоа треба да биде злоупотребено во политички цели – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање дали неговата партија би соработувала со ДУИ по последните изјави на лидерот на партијата Али Ахмети, кој кажа дека доколку поранешниот министер за економија Крешник Бектеши биде осуден, тој ќе излезе на протести од кои нема да има враќање назад. Fokus