Министерката Беате Мајнл-Рајсингер го посочи туризмот како гранка во чиј развој, австриското успешно искуство може да ни биде од голема помош.
Гордана Сиљановска- Давкова укажа на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон Брисел, условен од билатерализацијата на процесот на евроинтеграција и двојните стандарди за членство, понекогаш спротивно на темелните вредности и принципи, утврдени во конститутивните документи на ЕУ. Потенцирајќи дека Западниот Балкан беше и останува приоритет и на новата австриска Влада, министерката Мајнл-Рајсингер истакна дека без Западно-балканскиот регион, Унијата не е целосна. Centar
Сиљановска напоменала дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, со над 50 компании во државава.
Таа го потенцирала потенцијалот за продлабочување на економската соработка, особено во областа на обновливите извори на енергија, во инфраструктурата и во образованието. Nezavisen