Синоќа, на голем собир во Арачиново, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги заокружи мобилизациските средби на партијата со говор исполнет со силни пораки за еднаквост, партнерство и заштита на темелите на мултиетничката држава. A1on
На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за обиди да се загрози соживотот и мултиетничкиот карактер на државата.
Во преполна сала со граѓани, Ахмети го искористи говорот за да ја заокружи кампањата на ДУИ и да реагира на најавените промени на закони кои, според него, директно ги засегаат Албанците. Kajgana