Силно и инспиративно е, истакна Силјановска-Давкова, „да прочитате на македонски јазик, покрај на другите словенски јазици, дека му оддаваат почит на духовниот сесловенски татко без кој веројатно ние тешко би се просветиле, бидејќи тој е носителот, промоторот на писменоста, а без писменост не можете ниту умот ниту мислите да ги изразите“.На тоа, како што посочи, се надоврзува денешната посета на гробот на папата Франциск, кој „ќе остане запаметен по умот, по посветеноста, по ерудицијата, по блискоста до граѓаните, до верниците, длабоката верба во Бог, во мирот, човекот посветен на обичните, на сиромашните“.– Токму изборот ова да биде неговиот вечен дом и белата роза ја отсликува скромноста.