Сиљановска – Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск.
Македонската делегација во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, со кој чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители. Alfa
Токму овде, во овој свет град каде што почива неговото тело сме собрани со длабоко чувство на благодарност и почит.
Благодарност за писмото и словото што ни ги подарија браќата Кирил и Методиј и почит за нивното визионерство, кое не само што ја осветли темнината на неписменоста туку и го вгради нашиот идентитет во темелите на европската цивилизација“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера во Рим, каде во рамки на културната програма концерт одржа пијанистот Симон Трпчески. Republika
Нека делото на Свети Кирил и понатаму нѐ води низ вековите, низ културата и низ срцето на народот, затоа што јазикот ни е дом, културата ни е светлина, а заедништвото – сила“, порача Љутков.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј, претходно го посети и гробот на папата Франциск, а положи свежо цвеќе и пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Mk
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија. Denesen