Во рамките на Парламентарното собрание на НАТО, имав чест заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот – да присуствувам на свечениот прием што се одржа на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор, во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“. Press24
На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо. Mk
Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тичо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.
Ми беше чест да се обратам на овој важен настан, каде што зборував за значењето на договорот за регионалната стабилност, за важната улога на САД во тој процес, како и за придонесот на нашата држава во зачувувањето на стабилноста и учеството во НАТО Алијансата, објави на неговиот фејсбук профил Муцунски. Puls24
На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, како што соопшти МНР, Муцунски учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо.
Осврнувајќи се на значењето на Дејтонскиот договор како документ кој стави крај на еден од најтешките конфликти на Балканот, Муцунски, кој се обратил на сесијата посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан, како и на завршната Пленарна седница, повикал 30-годишнината да се искористи како можност за фокус кон иднината – кон стабилност, економски напредок, социјална благосостојба и европска перспектива, еднакво важни за сите граѓани во регионот. Nezavisen
Во текот на двете сесии беа разменети мислења за напредокот на земјите од регионот и за актуелните безбедносни предизвици.
Учесниците заклучија дека, во услови на зголемени ризици, неопходен е засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот. Tocka
Тој нагласи дека актуелните безбедносни закани бараат зајакнат пристап, ангажман и тешка, но неопходна соработка меѓу земјите од регионот и меѓународните партнери.
Министерот подвлече и дека брзата реализација на европските и евроатлантските интегративни процеси е суштинска за реформскиот напредок, стабилноста и отпорноста на земјите од регионот, како и за спречување на влијанија кои не се во интерес на демократијата. Zoom
За време на престојот, Муцунски се обрати на сесијата посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан, како и на завршната Пленарна седница, со која беше заокружен овој значаен настан.
Во текот на двете сесии беа разменети мислења за напредокот на земјите од регионот и за актуелните безбедносни предизвици. Tocka
Ова го објави на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Во контекст на значењето на Дејтонскиот договор за регионот ја нагласивме потребата од засилена регионална соработка, стабилност и безбедност, напиша Муцунски на Фејсбук. Republika
По повод 30-годишнината од Дејтонскиот договор, посебен акцент беше ставен на неговото значење за воспоставувањето на мирот во Босна и Херцеговина, како и на предизвиците со кои земјата се соочува три децении подоцна.
Во своето излагање, министерот Муцунски ја потврди посветеноста на нашата држава за зачувување на траен мир и стабилност во регионот. Kurir