Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и самата политичка партија, останува доследна на принципот на владеење на правото и неселективната правда.
Не само медицинска и физиотерапевтска нега, туку и психолошка, како и социјална поддршка ќе добијат повредените од трагедијата во Кочани на кои со владина одлука ќе им биде овозможено да се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“.
Телефонската линија 070 355 526 што ја отвори Владата за потребите на повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства денеска официјално профункционирала и, како што изјави портпаролката на Влада Марија Митева, одѕивот бил голем и 30-ина семејства веќе контактирале за да дадат свои предлози и барања.
Митева: Простор совршен за физикална и работна терапијаВладата во текот на следната недела ќе донесе официјална одлука со која одморалиштето Пониква, кое досега беше под надлежност на Министерството за внатрешни работи, ќе премине под користење на Министерството за здравство.