ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија со навистина огромен број на членови и јасно и гласно потенцирано од страна на апсолутно целокупното раководство дека преземањето на власта не значи раководење со моќта туку значи служење.
И дека значи почитување на владеењето на правото и почитувањето на законот“, вели Митева. Fokus
Разбираме сосема дека болката и емоциите при една ваква трагедија се на највисоко ниво, и ниту имаме намера за заострена реторика, особено не со семејствата на оние кои загубија свои најблиски, неточни се информациите пласирани од некои политички структури, истакна Митева.
Соопшти и дека за пренамената на одморалиштето на Пониква за рехабилитација на повредените во пожарот се очекува утре на седница на Владата да биде донесена одлука МВР да го предаде објектот на користење на Министерство за здравство. Sitel
„Правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите.
Државата е на патот на промените“, нагласуваат од Владата. Plusinfo
Верувам дека ќе биде посветен на својата позиција и дека навистина ќе се залага за реформите и промените што се наш приоритет, рече Митева, притоа додавајќи дека „излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата не го измрда нашиот пат за јасна визија за промени за што ја добивме довербата од граѓаните“.
На прашањето кои се три крупни промени што ги направила Владата во една година откако е на власт, Митева ги посочи начинот на управување односно враќање на институциите на граѓаните, позитивните индикатори во економијата и промената во начинот на водење на дипломатијата. Faktor
Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија, гостуваше портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, која се осврна на повеќе значајни теми од кои и за мерките на Владата кои ги презема за семејствата на настраданите во Кочани со отворената телефонска линија за воспоставување на контакт да се помогне за сите проблеми кои се надвор од здравствената грижа и да се помогне институционално. Press24