Значи, ако граѓаните сметаат дека треба да заминам и да сносам политичка одговорност, истиот ден кога ќе го сторам тоа, нема да чекам како што беше во 2021 година, но знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и другите“,рече Христијан Мицкоски, премиер.СДСМ веќе неколку дена ги обвинува властите за компромитирање на истрагата и уништување на важни докази во текот на истрагата, со цел заштита на своите функционери, а за директно одговорни ги смета се премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.„Христијан Мицкоски од друга страна ја злоупотреби трагедијата за политички напади, свесно ги лажеше, манипулираше родителите, јавноста, додека вистинските виновници од неговата влада беа заштитени.