Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски се обидуваа да прикажат дека нема одговорност кај актуелната власт, под силен притисок од СДСМ и јавноста, ОЈО ГОКК се одважи да покрене постапки против актуелните началници од МВР, вели на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.– Намерата на ВМРО-ДПМНЕ беше јасна – да се амнестираат од одговорност сите, со цел таа да не стигне до директорот на БЈБ Александар Јанев и до Тошковски.Сега, откако е јасно дека директната одговорност е во МВР и кај актуелната власт, оставки и кривична одговорност за врвот на МВР мора да има.