Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се штанцаат лаги, конструкции и валкани манипулации, насочени кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Јавно, јасно и гласно повторуваме: Венко Филипче нема никаква врска со Крмзов, ниту со било кои измислени сценарија што панично ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, соопштија денеска од СДСМ.– Оваа очајна црна кампања само ја разоткрива внатрешната нервоза и стравот кој владее кај Мицкоски и неговата партија.
СДСМ реагира со остар демант на, како што велат, „лажните обвинувања и манипулативни конструкции“ што изминативе денови доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и се однесуваат на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.