Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
23
27.18
26.46
6.05/2.18
23.00
8.24
0.36
2429.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 23
28 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 501.1
Best clustering variants
28 0.99/0.01 3 501.1
Tocka

Таа нагласи дека е постигнат значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите во образованието и здравството, а бројот на вработени е значително зголемен.,,Во периодот кога го преземавме или влеговме во министерството за финансии состојбата беше катастрофална, буџетскиот дефицит беше веќе 70% потрошен, или парите беа повеќе од 70% реализирани заклучно со 23 јуни, а во однос нели на целата година.

Она што беше исто така вознемирувачко во тој момент беше состојбата на девизната сметка која што беше едвај 47 милиони евра притоа однапред знаејќи од претходната влада дека следи период а тоа е месец јули кога требаше да се сервисира една обврска за јавното претпријатие за државни патишта отприлика во тој износ што значи дека ќе останевме речиси и без средства на девизната смeтка“, рече Кочоска. Tocka

Opserver

Таа додаде дека не биле обезбедени ниту 300 милиони денари за блок-дотации, ниту 330 милиони за изборни активности, а биле потребни околу 5 милијарди денари за гаранции и покривање на обврски на јавните претпријатија, кои се наоѓале во сериозна финансиска криза поради неодговорно управување.

,,Во еден многу краток временски период, Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% и тоа повеќе се должи на она што ние го најавувавме во континуитет, а тоа е дека ќе имаме посебно внимание посветено на инвестициите и бруто инвестициите забележаа раст од 18% односно тоа е ефектот од онаа наша мерка пред се 250 милиони евра кои што ги насочивме кон приватниот сектор преку развојната банка, коишто до овој момент се искористени половина од нив 125 милиони евра и во исто време раздвижување во делот на капиталните инвестиции“, кажа Кочоска. Opserver