Пратениците од власта денеска поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти.
Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало, информираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.