„Македонскиот јазик има свој историски континуитет и развој, свој дијалектен систем, своја кодификација, свои предкодификации и признанија во текот на многувековната историја и не смее да биде предмет на произволни политички и партиски ставови; – Македонскиот јазик е признаен од славистиката и во науката за јазикот во меѓународни рамки; – Македонскиот јазик е признат од ОН уште од самото нивно основање; – Македонскиот јазик беше и е признаен од две третини најмалку од постојните држави во светот; – Македонскиот јазик е признаен во меѓуанародните асоцијации на писателите (Меѓународен ПЕН и др.) – Од македонски јазик и на македонски јазик се преведени илјадници книги и автори; – Македонското јазично прашање е заштитено и со Преспанскиот договор; – Македонскиот јазик беше официјален државен јазик на Југославија, како и на Македонија и кога беше во составот на федерацијата и од основањето на независна Република Македонија; – Постојат бројни лекторати за македонски јазик во Европа и светот; – Македонистиката е ценета научна дисциплина, и тоа никој не го довел во прашање; Затоа, да се бара од соседна Р. Бугарија да поднесеме заедничка Резолуција пред Европскиот парламент за признавање на македонскиот јазик, за признавање на ноторен лингвистички, научен и културен факт, е еден вид ‘руски рулет’ за Македонија, крајно неодговорен чин. Plusinfo