Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието. Nezavisen
Така што и тука ќе се намалат трошоците, ќе добиеме многу посоодветни услови, поцентрално место, повидливо и, конечно, сега продолжуваме комплетно како Министерство за култура и туризам“, изјави министерот за култура, Зоран Љутков.
Со ребалансот на буџетот наменет за Агенцијата за поддршка на туризмот, во Министерството за култура и туризам дополнително се обезбедуваат 605 милиони денари или околу 10 милиони евра. Telma
Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе има и нови простории за што нема да се плаќа кирија како досега во Градскиот трговски центар.
Сите постапки и сите вработени ќе преминат на една адреса, а тоа е Министерството за култура и туризам. Press24
Со ребалансот на буџетот наменет за Агенцијата за поддршка на туризмот, во Министерството за култура и туризам дополнително се обезбедуваат 605 милиони денари или околу 10 милиони евра.
Тие се распределени во неколку ставки и ќе бидат искористени за поддршка и промоција на културата и туризмот: за активности на Плаошник, Скопското кале, за Агенцијата за филм итн. Novamakedonija
Министерот соопшти дека е формирана работна група за унапредување на дејноста туристичките водичи на состанок што го имале со нив и со здруженијата од државава.
Паралелно со подготовка на нова стратегија за културата, по истекот на претходната во 2022, Министерството подготвува и Стратегија за туризмот за периодот 2027-2032. Telma
Како главни предизвици ги посочи нефункционалните капитални проекти, институциите со ограничени ресурси и сложената административна структура.
Како дел од административните реформи, Љутков најави згаснување на Агенцијата за поддршка на туризмот, а нејзините 30-ина вработени ќе бидат интегрирани во Министерството за култура и туризам. Skopjeinfo
Со изгласување на измените на Законот за туристичка дејност згаснува Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и секторот дефинитивно преминува во ресорот култура и туризам, кажа министерот Зоран Љутков на денешниот брифинг.
Зо оваа трансформација извршени се промени на систематизацијата на работни места во Министерството за култура и туризам зашто триесетина вработени од Агенцијата за туризам ќе преминат во ресорното министерство. Telma