Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) денес му го одзеде мандатот на Милорад Додик како претседател на Република Српска, врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ, со која тој беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. Opserver
ЦИК едногласно му го одзеде мандатот на Додик (66) на претседател на ентитетот, на седница одржана во Сараево, заклучувајќи дека тоа е во согласност со одредбите од Изборниот закон на БиХ, кој предвидува таква мерка за секој избран функционер осуден на затворска казна од повеќе од шест месеци. Libertas
Според Изборниот закон на БиХ, манадатот му престанува секому што е осуден на затворска казна подолга од 6 месеци.
Одбраната на Додик има право на жалба до Апелационото одделение на Судот на БиХ, кое одлучува по изборни жалби. Plusinfo
СИП едногласно го одзеде мандатот на претседателот на ентитетот Додик (66), на седница одржана во Сараево, со заклучок дека ова е во согласност со одредбите од Изборниот закон на БиХ, кој предвидува таква мерка за секој избран функционер осуден на затворска казна од повеќе од шест месеци.
Додик сè уште има можност да поднесе жалба на оваа одлука, која може да ја поднесе до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, што е механизам што се применува во случаите на сите одлуки на СИП на БиХ. Mk.tv21
Адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, најави дека ќе бара привремена мерка за стопирање на извршувањето на пресудата. Republika
Додик претходно објави дека додека е претседател на РС, нема да дозволи предвремени избори.
Суад Арнаутовиќ, член на Централната изборна комисија на БиХ, изјави дека поради разните толкувања на правните експерти, постојат сомнежи за постапките на ЦИК по пресудата на Додик. Makfax
Додик влегол во политичкиот живот во 1980-тите, а за претседател на Република Српска првпат беше избран во 2010.
Од 2018 до 2022 беше член на претседателството на БиХ. Nezavisen
После тоа, ЦИК, во законскиот рок од 90 дена, мора да распише предвремени избори за претседател на ентитетот РС. „Уште едно срање од Сараево.
Последното“, напиша Додик на Икс по одлуката на ЦИК. Opserver
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на правосилно осудениот претседател на Република Српска, Милорад Додик.
Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница. Opserver