По одлуката на владата да ја поништи листата на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), двајца од тројца на листата, обвинителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова побараа, но не добија образложение зошто се неподобни да бидат кандидати за оваа престижна функција. Libertas
Исто така, особено загрижува тоа што повторно се соочуваме со непочитување на правилата и тоа што постапката не е целосно спроведена.
Имено, во Одлуката за основање на комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права е пропишана постапката за избор. Racin
По завршувањето на процедурата во Македонија, кандидатите одат на дополнителен скрининг и поминуваат низ уште неколку филтри.
Постапката продолжува во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што функционира специјализирано тело, односно Комитетот за избор на судии во Европскиот суд за човекови права. Republika