Новоизбраниот десничарски претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе ја преземе функцијата денеска, со што ќе започне период на можна конфронтација со проевропската влада, објави ДПА.42-годишниот независен историчар, кој беше поддржан од опозициската партија Право и правда (ПиС), прогласи победа во вториот круг на почетокот на јуни.
Тој го победи либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски – голем пораз за владата на премиерот Доналд Туск. Цивилмедиа
Нови предупредувања веќе доаѓаат од Брисел.
„Важно е институциите да продолжат да работат на реформи за да обезбедат вистинска поделба на властите“, рече Ана Катарина Мендес, потпретседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, која го водеше извештајот за состојбата на владеењето на правото во Полска минатата година. А1он
Навроцки, националист кој отворено се поврзува со американскиот претседател Доналд Трамп, тесно победи на претседателските избори во јуни, сериозно потресувајќи ги политичките перспективи на проевропската центристичка коалиција предводена од Туск.
Тој резултат, како што пишува Политико, се заканува да ја запре законодавната агенда на петтата најголема членка на ЕУ и ги забавува плановите за враќање на владеењето на правото, што претходно доведе до заладување на односите меѓу Варшава и Брисел. Трн
Владата би можела да заклучи „дека нема друг избор освен отворен конфликт со г-дин Навроцки, надевајќи се дека тој ќе ја претера блокадата и дека владата ќе може да ги обвини своите неуспеси за претседателската опструкција“, пишува Шчербијак.
Ова значи дека гласачите во 2027 година ќе мора да одлучат дали сакаат да ја задржат коалицијата на Туск и да го продолжат конфликтот барем до крајот на мандатот на Навроцки во 2030 година, или да дозволат обединетата десница и претседателот да се вратат на власт. Трн