Покажавме дека сакаме да се надминат правните недоречености и дека единствено ни е важно да се обезбедат еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на претстојните локални избори, рече денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Локално
Со ова решение, како што објасни, се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.
На Комисијата за политички систем беше поднесен амандман од Левица да се намали прагот од 0,95 отсто на 0,5 проценти на потребни потписи за независни кандидати што за нас беше прифатливо и со 8 гласа „за“ (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС ) и еден против (ДУИ), амандманот беше прифатен. Локално