Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници. А1он
Со оглед на барањето на Шеху, за ова прашање ќе треба да се произнесе правната служба на Државната изборна комисија во одреден временски рок.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко претходно истакна дека вакво упатство за локалните избори во 2021 година било донесено врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје. А1он
Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници.
За Шеху е спорно да се донесе вакво упатство врз основа на постојна одлука на Владата, со која, како што нагласи, бил намалени бројот на советници врз основа на пописот кој населението го дели на резидентно и нерезидентно. А1он