Коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, којшто овозможи рушење на фабриката „Тетово Табак“, целиот нејзин имот го продал за сума од околу 7 илјади евра (457.450 денари), за подоцна, во соработка со Советот да изврши негова пренамена и овозможи истиот овој имот преку ноќ добие вредност од 5 МИЛИОНИ ЕВРА, се наведува во соопштенеито од Левица. Фокус
Купопродажниот договорот криен од јавноста, бил склучен на 20.10. 2022 година, за две години подоцна Советот на Општина Тетово да донесе измени на ГУП и ДУП за Блок 31 со кои е направена пренамена од класа „Г“ – индустриски објекти во класа „А“ – домување.