Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари, јави дописникот на МИА од Белград. Denesen
Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад.
Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. Telma