1 (10) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Mar 15:56 -> 19-Mar 18:52
.
.
.
.

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани

  • Тошковски: Седумте полициски службеници констатирале дека кабарето во Кочани ги исполнува законските услови, за нив доставен предлог за притвор

Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор.

3 (53) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-Mar 07:20 -> 19-Mar 18:16
.
.
.
.

Манев: Прашаjте го Палевски зошто ја уби Вања

  • Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

  • Манев: Палчо ладнокрвно запали цигара по убиството на Вања, а со средство кое чисти днк траги, го исчисти алатот со кој ја закопавме

  • Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за Вања и Панче

Второобвинетиот Велибор Манев, денеска на судското рочиште за убиствата на Панче и Вања, одговара на прашања на другите обвинети.

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче.

Љупчо Палевски, првообвинетиот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денеска во судница му поставуваше прашања на сообвинетиот Велибор Манев.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска . Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако на минатото рочиште во Основен Кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите.

7 (7) ■ вести > македонија ■ 19-Mar 17:19 -> 19-Mar 18:44
.
.
.
.

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини

  • Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека е поставена забрана за вршење на било какви операции.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на следните населени места: 1. Кочани, вклучувајќи ги с. Оризари, с. Тркање и с. Зрновци, 2. Штип со околните места, 3. Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги с. Соколарци и с. Чифлик, 4. Струмица со околните места, 5. Пробиштип со околните места, 6. Македонска Каменица со околните места, 7. Виница, вклучувајќи го с. Митец, 8. Скопје – гробишта о. Бутел, гробишта о. Ѓорче Петров, гробишта с. Горно Лисиче и гробишта с. Горно Нерези.

9 (4) ■ вести > македонија ■ 19-Mar 18:16 -> 19-Mar 18:30
.
.
.

Судот одлучи: Притвор за седуммината полицајци

  • ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШТИП И КОЧАНИ: Одат во 30 дневен притвор

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица о во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои: Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.

Седумте полицајци од Штип и Кочани одат во притвор.

Повеќе од
оваа категорија

5 (6) ■ спорт > фудбал ■ 19-Mar 17:27 -> 19-Mar 18:43
.
.
.

Манев: Изгубивме блиски пријатели, ќе играме за нив

  • Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Дефанзивецот на Риека, Јован Манев треба да биде еден од носителите на играта на македонската репрезентација на дуелите против Лихтенштајн и Велс, но јасно е дека двата натпревара на почетокот од квалификациите за Светското првенство ќе бидат голем предизвик за него.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови . Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Повеќе од
оваа категорија

254 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.