До 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор низ Северна Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.
На 21.07.2025 година, до 21:00 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари, информираат од ЦУК.