Фејсбук профил на Стафан Кирков Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот.
„Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!“, напиша на социјалните мрежи, советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.