Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на седница на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието најави отворање на две нови полициски станици – една во општина Сарај и една во општина Илинден.
Покрај тоа, министерот најави и реорганизација на постојните полициски станици во Скопје.– ПС Бит Пазар ќе се преименува во Полициска станица Чаир, додека сегашната ПС Чаир, која реално се наоѓа на подрачјето на Бутел, ќе добие ново име – ПС Бутел, информираше Тошковски. Lider