Неспорно е, додава таа, оти дека судството е финансиски зависно од другите власти.
„Не можеме да говориме ниту за доследно почитување за уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација. 360stepeni
Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата.
Со предложените измени се предвидува јавност во работата на Општата седница и остварување на јавноста во работењето на судот преку нормативна новина која ќе ја унапреди и соработката и комуникацијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија со медиумската заедница и со пошироката заинтересирана јавност“, образложи Адеми. Netpress
Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска на предлог на претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, донесе измени на Деловникот за работа на Врховниот суд со кои се овозможува јавност на Општата седница. Telma
Недозволиво е да се носат законски измени кои се непосредно или посредно поврзани со судството, како што беше примерот со Кривичниот законик, без да се чуе мислењето на судиите, бидејќи тоа не само што предизвикува нетранспарентност на процесот, туку и несакани реперкусии од аспект на владеењето на правото, истакна претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на денешната презентација на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, финансирани од Амбасадата на САД, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“. Sitel
Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи.
Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата. Press24
Претседателката на Врховниот суд на денешната Општа седница истакна дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред Општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.
„Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи. Mk
Промена на начинот на којшто се менаџирааат и раководат главните расправи и се закажуваат динамиките и се организира впрочем сите дејствија кои се изведуваат на рочиштата за главна расправа.
Промени во начинот на пишување и соопштување на пресудите и обвиненијата, унапредување на соработката на Јавното Обвинителство со останатите органи на прогон како што се вештаците. Fokus
Македонскиот Врховент суд денеска на предлог на претседателката на судот, Беса Адеми, донесе измени на Деловникот за работа со кои се овозможува јавност на општите седници.
Како што информираат од Врховен, во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на Врховниот суд се јавни, а јавноста во работата на Општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање. Novamakedonija
Членот 75 кој сега се менува и дополнува, во својата досегашна формулација велеше дека „јавноста во работењето се обезбедува со објавување на одлуки на Судот и поважни податоци во врска со работењето на Судот на веб-страницата, со доставување на службено соопштение преку средствата за јавно информирање, одржување конференции за медиумите, како и со издавање на билтени и на друг начин“.
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во образложението на измените и дополнувањата на Деловникот се повика на одредбите од Уставот на државата, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права. 360stepeni