Сега имаме адвокати кои реагираат и веднаш Управниот суд се огласува дека немало поединечен акт, немало поединечен случај и тн. Втора информација која излезе деновиве е дека од 10 родени деца, едно починува поради загаден воздух во државата, посочи Давитковски.
Како што претходно појасни судијата известител Џемали Саити, со тужбите биле засегнати повеќе државни органи за непостапување, бидејќи во нив се наведува дека државата со непреземање на дејствија ги оштетила правата на граѓаните за здрава животна средина, и затоа, во начелниот став кој денеска го утврди Врховен се вели „право на здрава животна средина на засегнатите физички и правни лица се однесува за дејствија на преземање или непреземање, од страна на овластено лице како претставник на државната власт или службено лице што работи во органите на државната управа, од аспект на одговорност за преземање на дејствија во рамките на своите надлежности, co кои спротивно на законот, непосредно се ограничува остварување на слобода или некое право загарантирано со Уставот, законите и меѓународните акти“. Republika