„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.
Поранешниот министер за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши, не сака да го коментира образложението на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.
Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.