Наспроти информацијата од ЕХФ дека натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК е одложен од безбедносни причини, претседателот на грчкиот клуб Стаматис Папастаматис призна дека тој им наредил на своите ракометари да не излезат на терен вечерва во Скопје.
Почитувана публико,ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва.
Финалето меѓу Алкалоид-АЕК не може да започне бидејќи АЕК одбива да игра додека не влезат грчките навивачи.
Само неколку минути по официјалното откажување на финалната средба од Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се огласија од Европската ракометна федерација (ЕХФ). „Финалето на Европскиот куп на ЕХФ во Скопје помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини.