Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај. Telma
На Клиниката за детски болести при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на 14-месечното дете кое почина, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Fokus