Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
83.53
30.91
0.73/1.98
9.00
5.64
0.63
761.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 325.8
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 325.8

Додека Лекарската комора го очекува извештајот од надзорот на стручната Комисија на Министерството за здравство која утврди лекарски, системски и технички пропусти при третманот на 14 месечно бебе кое почина од бронхопневмонија, се огласи стручниот колегиум од Болницата Козле.

Од таму тврдат тврдат дека пропуст не е направен и додаваат дека го очекуваат мислењето на етичката комисија на Лекарската комора, по што ќе преземат соодветни чекори „Стручниот колегиум одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги презеле и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката“, се наведува во соопштението на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле.