Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
76.17
29.13
0.73/2.01
9.00
5.67
0.63
576.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
21 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 573.6
Best clustering variants
21 0.99/0.01 2 573.6
Kanal5

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација, се наведува во соопштението.

Ова опфаќа: Воведување универзално здравствено осигурување за секое дете, што ќе значи да не се условува здравственото осигурување на детето со статусот на осигурување на родителите; проширување на пристапот до предучилишно образование, што е пресудно за идниот успех во животот и претставува докажан пристап за справување со меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата; спроведување програми за намалување на стапките на напуштање на училиштето и поддршка за вклучување на децата со попреченост и децата вон образовниот систем; зголемување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги како што се услугите за поддршка на родителите и други интервенции насочени кон семејството, а за поддршка и заштита на децата. Kanal5