Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за државната МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание. Fokus
Според Бендевска, провокациите на непостоечкиот, а сепак според информации во јавноста активен бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, се насочени против националните чувства на македонскиот народ.
Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Novamakedonija