Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на романскиот јазик истакна дека истиот е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Mk
Сепак, се соочуваме со многу предизвици, бидејќи овој јазик е и понатаму под закана од губење поради асимилацијата и недостатокот на системска поддршка.
Затоа, важно е да се потрудиме да ги охрабриме младите Роми да го зборуваат, учат и користат ромскиот јазик во нивните секојдневни животи. Press24
Грижата за јазикот е и грижа за иднината на ромската култура и нејзините вредности.
Со поддршката на образованието, културните манифестации и меѓународните иницијативи, можеме да бидеме сигурни дека ромскиот јазик ќе продолжи да биде дел од нашето културно богатство, истакна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Netpress